долг (прид.) - маса (имн.)

На ѕидот, лево од влезот, голема воена топографска карта. Под челниот ѕид - долга маса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во куќата имаше голема трпезарија со долга маса, од двете страни на масата дрвени клупи на кои навечер ние децата испоседнувавме, уморни од целодневните детски игри и нестрпливо чекавме нашите мајки да ни ја принесат вечерата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Спроти вратата во одајата, зад гостинската долга маса, седеше гологлав офицер во лицето како некое берберче, со кноки мустачиња.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шаторот како да беше напуштен, што на нив не им се веруваше зашто пред страна се спростираше долга маса со столици од двете страни, потаму казан и други работи за готвење крај огништето на отворено, некако сè изгледаше подредено за да биде оставено само на себе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во салата за гости, веднаш до каминот, на долга маса, со Тихомир од Машкото друштво “Осамени срца”, седеа шест жени кои пред еден час Авни ги довезе со комбето од Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Под врбата имаше само една клупа и долга маса на која постојано беа распослани неколку дневни весници и на нив положени очила и пепелница, најверојатно за да не ги одвее ветрот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Шесте жени од Прифатниот центар за странци, што седеа на долгата маса крај каминот, во придружба на Тихомир од Машкото друштво “Осамени срца”, беа гласни во расправијата околу предлогот за легализација на проституцијата, и не беа во можност да го слушаат разговорот што во непосредна близина, во сепарето, го водеа Софија и Киријаз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Салата во Кучешкиот пансион искитена е со разни украси за пречек на Новата 1947 година; на преден план, на чело на долгата маса, седат сопственикот Вајс и жена му Хера; од едната и од другата страна на масата седи персоналот од Пансионот; меѓу нив и Богдан.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во кујната печеното јагнешко месо и печените пилиња беа исечени на парчиња и чиниите беа преполнети со нив и стратегиски поставени на долгата маса, така што никој од никого не мораше да бара да му го подаде печеното.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јадевме на долги маси од неизделкани штици под сенките на тополите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со режисерот се сретна само еднаш, на почетокот, и тоа не кај нив во шаторот туку кај него во штабот, во една голема просторија со долга маса и ѕидови облепени со мапи и графикони.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лево масивно биро, телефонски апарати, радиостаница, десно долга маса покриена со црвено платно, наредени столови – за членовите на тесното политичко и воено раководство.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оној што ѕирка (низ една од дупките избушени скоро како за објективи на камерите) е Дипигус, се разбира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога останува сам, Сенка, притискајќи едно копче во масата, целиот огромен ѕид отспротива го претвора во големо огледало кое сега ја отсликува целата долга маса со тринаесет столови, и господинот Сенка во центарот, сличен на некој чуден светец, но сепак повеќе, така сокриен од светлината, налик на дамка од разјаденост врз површината на огледалото, или пак како давеник во таа живина локва, „чии испарувања, кога-тогаш, ќе нѐ задушат сите“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)