дневен (прид.) - доза (имн.)

Евтини воајерско амерички измишљотини зачинети со мизерен куплерај во кој беа обединети сите курви од екс ју просторите, а кутрите транзициони народи гладни за леб добиваа дневна доза ниски страсти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мајка како мајка: додека чека на компјутерскиот екран синот да ѝ дарува дневна доза најубави насмевки во кожурка од свилена буба реди сѐ што се крие во неа и саде се чуди колку бил замрсен животот и колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Наутро дневна доза со лоза клиники полни, болни од цироза младо и старо со крвави очи шпирит на пазар уште се точи Господе чувај и носи во рај спаси земја од хоштаплерај и сиот шлајм дегенериран народот твој од вести фрустриран Чувај од вртешки транзициони новинарски гниди и мегафони чувај од подли странски емисари оган да ги изгори блудниците стари Повторно избори и плукачка кампања здодевни флоскули, демагошки срања реформи нови демек ќе прават со локум и кафе гласови да ќарат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)