двособен (прид.) - стан (имн.)

Дванаесетмина живеевме во еден двособен стан на Втората Јужна Улица.Сите спиевме во шест кревети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двособниот стан се преобразува во терми, заситени од тешка пареа, и од таа надразнувачка атмосфера, изнуркува јадрото, испотено тело на госпа Елвира, со сочни, податливи дојки што ни најшироката дланка не може да ги опфати и со моќни колкови, под кои пукаат и најсолидните гаќички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Добија двособен стан од Сојузот на борците во Топанско поле и бедни пензии.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имав двособен стан, не толку убав како овој во Скопје и секогаш полн со гости. А тука - досадно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)