влакнест (прид.) - гради (имн.)

Нивниот кираџија, руски емигрант и продавач на мали гипсени фигури премачкани со црвена и златна боја, познат под името Генералстап, победнички се удираше со големата тупаница по разграштените влакнести гради и во бас со смешен јазик говореше: - Вода, вода! Мачки, мачки!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потем рече: „Слушај како се пее“ и почна одвратно да рика некаква инаку нежна, љубовна песна, почна да се удира по влакнестите гради (носеше и огромен, крупен златен синџир, околу вратот, со крст, оти тогаш беше модерно да се декларираш како Христијанин), така што сите мораа да прифатат, оти за нас тој беше власт, а кога власта пее, ти и ќе пееш и ќе играш. И ќе маршираш на љубовна песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Држејќи ја својата рака врз влакнестите гради на Томо, Рада продолжи да ги реди своите желби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)