важен (прид.) - услов (имн.)

Запрашан околу тоа дали тој повторно би тужел, доколку во иднина му биде повредено некое право – Х.Џ. со право изјавува дека, од денешна перспектива, многу важен услов за покренување тужба е тоа колку ќе биде самиот тој, економски и психички силен тоа да го стори – затоа што одењето на суд е голем луксуз и голем стрес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По изрекувањето и доставата на пресудата, не е покрената жалбена постапка од тужената [незадоволна] странка, но „Охис Пласт М“ одбиваше доброволно да ја спроведе веќе правосилната и извршна мериторна одлука во пракса – па пресудата мораше да биде спроведена присилно, преку извршител (Б.Кипровски), за што работодавачот плати и дополнителни трошоци, како и не така мала извршителска награда согласно Извршителската тарифа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)