важен (прид.) - поединост (имн.)

Не се ни обиде да објасни дека нејзиното заминување од полето со војникот на бел коњ се случило токму на вториот или третиот ден од Големата војна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На судијата му е дозволено да заборави да ја истакне и онаа многу важна поединост: дека двете жени биле и платени чиновнички токму на тој Мирко Бунде; дека биле задолжени да извршуваат негови наредби, а дека нивната работна обврска била трагањето по грешките и непримерното однесување на авторите и другите работници од културната сфера со нагласка не само на нивните либерални, националистички па и анархистички сфаќања туку и однесувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка ми, од заборавност, или од некои други причини не спомнуваше една многу важна поединост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не дека лаже, не, туку тој не ги знаел словенските јазици, така што не можел во разговорите со луѓето да забележи важни поединости“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дилемиве за кои зборувам, а и оние кои засекогаш ќе останат недоречени, ги разместував и средував во размислите во некоја од самиците на затворот по она мое неконтролирано однесување откако го бев слушнал разговорот на Катерина со Јана и Мирко Банде од канцеларијата на Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)