од (предл.) - ќелија (имн.)

Но тоа да го продолжи барем некој месец оти не се знае него кога ќе го извадат од ќелијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стариот рѓосан клуч штракна неколкупати, вратата од ќелијата се отвори, клучарот го пушти да влезе трговецот и пак ја заклучи вратата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Беше поголемо од ќелиите во кои беше порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но токму во тој момент тој легна на подот од ќелијата и се фати за едно од железните столпчиња што ја потпираа клупата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ прозорчето од ќелијата Наќо ѕиркаше во дворот и ги гледаше полковниците каде што се приготвуваа да си заминат товарејќи ги коњите со торбите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- А не, не, тој сега нема повеќе да излезе од ќелијата... - им рече игуменот успокојувајќи ги.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Глигор помислуваше дека Арсо веќе не постои, А останало само некакво запуштено тело, труп што треба да се извади од ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Адио, синдрофиса Небеска, ми се оѕвиваат Албанците од ќелијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)