од (предл.) - основа (имн.)

И самата ќе се засрамиш кога ќе го свртиш погледот кон она што го ткаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, Ардените од основа ми го изменија тоа мислење. Се движев по безбројните асфалтни патишта и патеки, со кои се поврзани сите населби на Ардените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Укината беше долната граница на неговата висина (чл. 19, ЗИДЗПИО/07), а во врска со неговата висина во случај на повреда надвор од работа или болест беше пропишано тоа да биде висината на инвалидска пензија настаната поради професионална неспособност за работа наместо претходната одредба според која таа треба да изнесува 50% од основата за пресметување (чл. 17). 98 Што се однесува до обврските на Фондот за пензиско и инвалид- ско осигурување во поглед на исплатата на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба, во 1995 година Фондот беше ослободен од обврската да обезбедува средства за исплата на надоместоци на платата поради работа со скратено работно време и поради помала плата на друго работно место, која е префрлена на товар на работодавците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А јас ломотам, ломотам... И кога ќе се зафатиш со зборување може да се случи нишките од основата да ти испопукаат па разбојот ќе ги замрси конците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)