низ (предл.) - ќелија (имн.)

Набргу беше во состојба да препешачи три километри, измерени со чекори низ ќелијата, а неговите свиткани раменици стануваа сѐ поисправени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Емплфорт направи неколку несигурни движења од една страна на друга, како да мисли дека постои некоја друга врата низ која може да излезе, а потоа почна да се шутка низ ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ ќелијата без прекин се точкаа затвореници од секаков вид: растурачи на дрога, крадци, бандити, црноберзијанци, пијаници, проститутки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вкочанетоста од долгото седење на тесната клупа беше толкава, што често стануваше и шеташе низ ќелијата, неопоменуван од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Направи уште неколку нервозни чекори низ ќелијата, фрлајќи повеќепати желни погледи кон клозетската школка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)