на (предл.) - ќелија (имн.)

Стравот, роден во глувата осаменост на ќелијата, ја беше загубил својата острина, стоеше затулен, магличест и оддалечен некаде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Борис гребе со камче по ѕидот на ќелијата.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Дека уморот на ќелијата е силата на организмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мртвата темнина на ќелијата стана нестрпливо жива. Бавно ги отвораше Арсо очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)