кон (предл.) - потреба (имн.)

Зато и притисокот врз нив да чекаат и се приспособат кон потребите и интересите на Организацијата се зголемиле кога веќе тие биле наполно готови да го реализираат својот план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Впрочем самата Рајна ја упатила кон потребата од вакви потраги и испитувања.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа Родна и беше толку загрижена, си помислив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако поимот „мелодрама“ сега станува погрден, тоа е затоа што очигледното сочувство што мелодрамата го внесува во судбината на обичните луѓе изгледа, барем од повластена гледна точка, дека е изместено, дека е облик на задоволување ниски страсти, дека е побудено исклучиво од недостојна, неоснована, пристрасна, сентиментална приврзаност кон инаку неисклучителни ликови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, смешни се кога ќе се споредат со маките на Ифигенија, на Федра и на Хамлет (иако Шекспировата трагедија секогаш според темите и домашните преокупации е поблиску до грижите на буржоазијата, поради што е полесно да се приспособи кон потребите на некоја современа народска публика).305 Бегањето со погрешен маж можеби ќе излезе погубно за Клариса кај Семјуел Ричардсон, но последиците не се баш вселенски: нема тие баш толку да го потресат светот како последиците од Парисовото заведување на Елена – со други зборови, „урнат ѕид, спален кров и кула / И Агамемнон мртов“.306 Кога се гледа од повисоката положба на општествената елита, средносталешката трагедија е само мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не можела, и покрај сите свои многуусрдни напори, да го прикаже буржоаското живеење како сосема сериозно – освен, се разбира, од разводнетото гледиште на самата буржоазија. ‌Зашто грижите на средните сталежи, бидејќи се грижи на обичниот народ, не можат да ја достигнат достоинственоста што ја изискува целосната сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во самиот свој стремеж да ја издигне буржоазијата, мелодрамата ризикувала да го унижи самиот трагичен жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)