кон (предл.) - маса (имн.)

Додека се доближуваше кон масата, погледот на Винстон се задржа на еден тркалезен, мазен предмет, што блескаше меко во светлината на ламбата и тој го зеде в рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Винстон се сврте од пултот со подавалникот во рацете, забележа дека малото човече оди право кон масата на девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги поведе право кон масата, го фати челното место, постоја малку да ги поподаде рацете покажувајќи им да седнат и си се смести.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се упатив кон масата за појадок, со надеж дека ќе добијам друг оброк.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пристапувајќи кон масата, типуваше на подгрбавената, широкоплеќеста фигура на човекот што седеше на другата страна на масата, со лицето кон авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја зеде тавата од шпоретот, пристапи кон масата и, сервијаќи му убаво шницла, му рече: „Сакам“, рече. „Ама и да не сакам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од детстките лица погледот ѝ мина кон масата украсена со две саксии кали - и наредени сите нејзини книги напишани за деца и млади.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оди до местото каде што го скри отпиеното шише, го вади и на неговото место скрива ново, полно, а со отпиеното се враќа кон масата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа, се разбира, сите го оставија и него и шинелот и се свртеа, како што си е редот, кон масите, определени за вист.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)