за (предл.) - чудење (имн.)

И гледам чудо за чудење: едни големи пилишта се тепаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И наеднаш, и нему за чудење, клопчето на мислите почнува да се отточкува само од себе, спокојно и правилно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тоа и не е толку за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уште еднаш, јас разбирам дека вам ви е чудно што на вашата книга ѝ се дава таква интерпретација, но тоа не е за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чудите зошто ви го велам тоа? Не е за чудење. Не чудете се. Причината е многу проста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)