за (предл.) - херој (имн.)

Ќе нагласи дека некои од македонските партизани носат на своите капи букви СНОФ наместо буквите ЕЛАС.326 Исто така на 14 март 1944 Едмондс ќе ја извести централата на СОЕ во Каиро дека “Гоце Делчев повторувам Гоце Делчев се смета за херој меѓу југословенските Македонци и многу од нив носат мали фотографии на нивните гради.“ 327
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Вечерта на свечениот собир глувците го прогласија Цивко за херој.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
За Климент Камилски полиграфот, ерудит и хуманист Фаик Коница можеше да се смета за херој на модерните времиња на Балканот, но воедно немоќен и среќен балкански Дон Кихот, кој се бори успешно со големата европска јазична ветерница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На внатрешната страна од капакот е изгравирана една благодарствена реченица наменета за херојот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)