за (предл.) - филм (имн.)

Го затекнав киното во кое беше забрането пушење, но и водење гласен разговор за филмот и за сѐ она што се разголуваше во него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Филмот што Вендерс го снимал како возач, ја добива Златната палма во Кан 1984 година, наградата на Британската академија за филм Бафта за 1984 година и многу други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во еден бесплатен културен водич, проследувачот на кино програмата за филмот „Серафим Фолс“ на режисерот Дејвид Фон Анкен, запишал: „Независно од тоа што сите стрелаат на месо, во класичните вестерн филмови ликовите постојано се делат на добри и лоши.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, затоа пак, со задоволство ја прими „Златната палма” во Кан истата година, за филмот „Ден”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше потребно да се измисли несреќа со висечки мост за филмот “The falls” и така беше пронајден Силниот Непознат Настан - скратено СНН - за да можат деветнаесет милиони личности да се бутнат во една ненадејна, далекусежна и несфатлива катастрофа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нема сомневање дека сте гледале филм - а можеби само гледавте филм за филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Хиерархиските поставки за филмот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ паралелно се материјални, семантички и историски. 38 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Добар ден, „Твин Пикс“ го имате? - Имаме. - Но не прашувам за филмот, туку за серијата? - Имаме.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ниту еден ваков поразувачки доказ не можеше да ги спречи младите филмаџии да бараат пари за филм, во услови во кои седмата уметност се третираше како луксуз и очајно чуваше небаре кинеска ваза: не користеше никому, но светкаше присутно за да некој, понекогаш, не сакајќи ја оштети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вива продолжи да зборува за филмот и за тоа како игра еден андерграунд филм-мејкер во сцена на журка, на која Џон Војт ја запознава Бренда Вакаро.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По три дена, кога излезе бројот на весникот во кој беше објавен нејзиниот текст за филмот што го гледавме, најпрво ја отворив триесет и втората страница каде што ги печатат текстовите за театарски претстави, телевизиски и радио емисии и за филм, што некои ги нарекуваат критики, а други - рецензии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го прифатив предлогот за филмот Титаник, а бидејќи мојот договор со Селзник важеше дури од април 1939-та, можев да го снимам мојот последен англиски филм Кафеаната Јамајка. Кафеаната Јамајка (Jamaica Inn), 1939 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога се пишува сценарио за филм, неопходно е јасно да се одвојат „елементите на дијалогот” од „визуелните елементи”, и, кога е тоа можно, да се даде предност на визуелното над дијалогот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)