за (предл.) - тргнување (имн.)

Гоце со својата чета тргна, а Јане Сандански остана на Пирин-Планина...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откако се нахранија, Гоце нареди: - Подгответе се за тргнување!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Му закажаа на Змејко дата за тргнување на 17 август.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зората го отвараше небото, го разбиструваше, ја будеше земјата, езерото, селото; луѓето тргнаа по нивјето, по бавчите, по лозјата, по секојдневната работа; заѕвечкаа ѕвонците на добитокот што излегуваше на пасење, им брмчеа мувите и инсектите околу ушите внесувајќи им немир; рибарите со рибарскиот прибор се упатуваа кон чунчињата, дрварите ги самареа добиците и ги приготвуваа за тргнување в планина; врвеа жените со сепетките на глава тргнати кон езерото да перат алишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа се случило на 18 август 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По завршувањето на брифирањето, Менсфилд заминал за Дерна во Северна Африка, која била одредена како место за тргнување и за инфилтрирање во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Колоната неподвижна чекаше неколку часови. Наредбата за тргнување ја немаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Прекрасно име. – Ѝ поласка Дедо Мраз подготвен за тргнување – Ми беше многу мило што се запознав со вас.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Хм, - пак дувна учителот и даде знак за тргнување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога сѐ беше подготвено за тргнување на пат, баба толку се нажали што очите ѝ се насолзија. „А што ќе прави малечково без мене? Како ќе се снаоѓа?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)