за (предл.) - трансформација (имн.)

Покрај овој контроверзен закон, оваа сензитивна сфера беше уредена и со множество други, мошне комплицирани, закони: Законот за промет и располагање со општествениот капитал (Сл. лист на СФРЈ – 84/89, 46/90); Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште (Сл. весник 240 на РМ – 19/96, 25/99, 81/99, 48/00 ПТ);
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, исто така, на опишаниов судски спор, му следеше уште еден, во 1998-та – за враќање работник на работа кој, пак, беше споен со него (П.бр. 1572/98).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На почетокот ова, колку-толку, беше ублажено и компензирано со давање на, во тоа време, популарните „бонови“ на работниците – со кои тие можеа да пазаруваат во локалните продавници и маркети на познати фирми од градот, со коишто директорот имаше личен, пријателски или деловен, однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како што одминуваше времето и овие бонови прекратија.2 Поради отворената можност за приватизација на оваа јавна радиодифузна единица од страна на еден, во тоа време, моќен локален бизнисмен – вработените, преку нивниот синдикат, започнуваат преговори за трансформација на радиото од јавно во приватно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие два „споредни случаи“ не се предмет на оваа анализа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговата сила е во неговата неуништивост, во неговата еластичност, можностите за трансформација и мимикрија, во неговата - рециклабилност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со тоа раскажување доаѓаше до израз сета прикриена дарба и невидена способност на баба, која имаше силно развиено нараторски талент и осет за трансформација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
3 Од неговото донесување ЗТПОК има претрпено десет измени и дополнувања, во 1998, три во 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2006 и 2007 година.  4 Со овој закон се уредуваат условите, начините и постапката за трансформација на претпријатијата со општествен капитал во претпријатија во кои е определен сопственикот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во градот сите политички раководители, сите до кои беше стигната „тајната директива за трансформација на козарите (со милиони во сета земја) во работничка класа“, притеснети од гладот, но и од среќните решенија на козарите, се плашеа севезден да не стигне извршната директива, па да се бара конечна ликвидација на сите кози во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да ја знаеја овие кадри, овие догматски сили тајната инструкција за трансформацијата на козарите во индустриски пролетаријат, сигурно не ќе поминеше добро партискиот секретар на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)