за (предл.) - стебло (имн.)

Откако пред тоа го врза коњот за стеблото и седна на меѓата, Дамче побрза да го услужи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добиците растоварени, врзани за стеблата, штипат од тревата што им е под муцките. Топло и зелено е во котлинката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но ненавикнат да јаде без помошта на рацете, се занесе, па за да не падне ги извади рацете од џебовите и се задржа за стеблото од праската.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)