за (предл.) - случај (имн.)

Во себе за случајот на Бургиба почувствував еден вид разбирање, кое беше во противречност со мојата амбиција, не можев да речам кариеристичка занесеност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Па... паф, паф... би можеле... паф, паф... да најмите советник за случајот, а? Паф, паф, паф.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Цензусот на јудејски претставници во управата останува на сила, како и порано - заради одбегнување на остри експлозии на јудофобијата и за случај на лоша управа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откако Ф. И. увиде дека работодавачот нема никаква намера да го оствари ветеното, конечно се реши да покрене работен спор пред основниот суд во нејзината општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен. Му кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли: Ама пис милет, анани... ана!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А бидејќи власта нам не ни оди од рака, ние ве молиме, господа, странци, дојдете да ни помогнете!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Започнувајќи така, насамо, еден обичен разговор, му го нафрлил својот случај на лекарот како да се работи за случај на некоја измислена личност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа никогаш не се реши за случајот да се обрати кај Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)