за (предл.) - раѓање (имн.)

Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе можеа да ја раскажат најубавата љубовна сага за раѓањето на новата искрена љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Докторот - не доктор Станеф туку доктор Мандиќ, он специјалист, за раѓање - он праша Стефани, кога ти сакаш твое дете роди, може ли у вторник?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Заборавена книга на рамница, пред гулабарник, во училница, на граничен премин, во пролет. Книга заборавена Книга за раѓањето.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
„Уште не се ни исушило, а веќе знае да бара храна!“ - си мислеше Бојан, полн со нејасни, возбудливи мисли за раѓањето, животот, умирањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одам и до граница: примам пошта, билтени од фронтот и чекам да дојде времето за раѓање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие беа како рамна почва, готова да го дочека својот род и плод, како полиња што зрачеа со својата невиност и чесност, подготвени за раѓање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Она што не е обично, и што не се случува секој ден, велат дека најдолго се памети.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таму, во големата сала, еден дојденец, за кого не сум сигурна колку беше Козак, почна да аплаудира како споулавен кога беше соопштена веста за раѓањето на наследникот на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)