за (предл.) - раме (имн.)

Се држат за рамењата партиските војници и ги учат движењата: неколку пати во место, потоа левата нога десно, десната лево и сѐ така, и сѐ така...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Глигор го зграпчи за рамења и го тресна жестоко во ѕидот. Арсо се струполи наземи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)