за (предл.) - презир (имн.)

Поточно, репликата стана пародија на екстравагантната разочараност, разопчинетост и непочит, начин за театрално покажување „пркосен однос“, средство за ведро отфрлање на американскиот надриинтелектуален морализам како естетско потфрлање достојно за презир.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите тројца напишаа долги, достојни за презир написи во „Тајмс“, анализирајќи ги причините за своето застранување и ветувајќи дека ќе се поправат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еретикот секогаш ќе биде тука, на наша милост и немилост, врескајќи од болка, скршен, достоен за презир - и на крајот сосем покајан, спасен од самиот себе, ќе доползува до нашите нозе по сопствена волја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го пречекавме со срдечно добредојде; оти тој човек колку што беше достоен за презир, барем половина од тоа беше и забавен, а освен тоа и со години го немавме видено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)