за (предл.) - пораз (имн.)

— Дека сме живи, вели, дека сме причина за поразот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ИЛИЈА: Жив за среќата на малечкото да не е сироче, а за поразот од кир Ристаќија! (Арнаутите навлегуваат и ги навртуваат кундаците од пушките кон присутните).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таму политичкото и военото раководство, тие пет-шест главуши, наредија да се бараат причините за поразот и виновниците. И ги најдоа. Нашите. Водачите на НОФ и АФЖ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За поразот на Демократската армија сега бевме криви само ние.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)