за (предл.) - овца (имн.)

Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И гладни сме од Богојавление до вршило. Децата ни се збрчкуваат предвреме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во летните денови, кога Бојан ја имаше грижата за овците, тој не пропушташе ден, а да не се сретне со дедо Иван, кој исто така, иако стар, успеваше да оди по своето малубројно стадо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа го купуваме нашето брашно од бегот за козја пастрма, за овци и за волна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)