за (предл.) - обработка (имн.)

Го прашав мојот декоратер, кое дрво е полесно за обработка, исушеното или сировото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И момирокот што го добивавме за обработка идеше таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штип технички му се допаѓа повеќе, местото е помало, помирно, полесно за обработка зашто се работи за неколку стотини лица од критичната популација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ајде, богати, дали полесно ќе му ја скинеш главата на младото петле или на неговиот дооден дедо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нѐ построија во четири реда и нѐ одведоа во една фабрика за обработка на рудата сљуда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)