за (предл.) - наоѓање (имн.)

„Првиот чекор за наоѓање газда е да се здобиеш со неговите симпатии“ - пишува во прирачникот за склопување кучешко-човечки пријателства, илустрирајќи ја успешноста на советот со фотографија на кокетен пекинезер како целиот излигавен ѝ се потпикува на една средовечна дама, која со насмевка му подава копанче.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По сите овие обиди за наоѓање некое „чаре“ за својата мака – тој конечно во јуни 2010 година се одлучува да покрене судска постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Совети за наоѓање сопствен свет и исклучување на себе од туѓиот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Освен обраќањето до него, Љ. Н. се обрати и кај 168 други релевантни институции и невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет за човекови права – каде што само беше сослушан, но никој од нив не превзема ништо конкретно за да му помогне во овој случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)