за (предл.) - лошо (имн.)

Бог да ме убие ако мисла за лошо, лошо в куќи да ми дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред некој ден бев во Монпелје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- За добро треба да си подготвен, вели Лазор Ночески, ама и за лошо треба да си подготвен, вели, слегувајќи од воловската кола што ја носеше рубата од Велика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што луѓе се тие, професорите? Што бараат во неговата планина? За арно или за лошо?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но не минува ден без да слушам како се зборува за лошото функционирање на нашите претпријатија, нашите судови, затворите, болниците, училиштата, железничкиот и воздушниот сообраќај, земјоделството итн.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Постојано се работи за настани на насилство, несигурност, дрога, финансиски и политички скандали. Каква полза од натамошното набројување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За секое крштевање, венчавање, закопување, пеење вода, кревање леб, за секое причестување и за сѐ поп викавме од Сапотница. И за арно и за лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)