за (предл.) - лик (имн.)

Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Замисли си, оној Црвенокос ѓавол, како што го крстила Сузи генералот Ролан, го довел својот пријател генералот Јенков во приемната соба на Сузи, и го замолил на најосветлениот ѕид да го наслика „Изгонувањето од Рајот“, се разбира со ликот на Сузи како лик на Ева, а за ликот на Адам се предложил самиот себеси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јенков ја нацртал таа слика. Сузи била преставена толку уверливо што Генералот заплакал од радост, иако, како што тврдел самиот, никогаш во животот немал плакано од толкаво задоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)