за (предл.) - кафе (имн.)

Деновите ги трошеше седнат во блиската кафеана, што беше обликувана во форма на еден голем филџан за кафе, во чија внатрешност се вртеше, како избезумен, тутунов чад, прикривајќи го видикот на многуте светлечки рекламни паноа и слики, сместени на темните ѕидови, како налепени парчиња смола врз дрвена кора.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Каков анален простаклак од устен происход е да се каже: „Овие не се мустаќи, ова е сунѓер за газот бришење; ова не е алатот, ова е џезве за кафе да си варат жените; овие не се очи, овие се ламби за да не одат жените на мочање по темница; ова не е глава, ова е шутка, во неа да се мочат и серит домаќинот и домаќинката, сега е зимно време, мрсно се јадит, дрско се серит.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На Рада ѝ се заковаа очите во големиот долап од кој беа „исфрлени“ камени плочи, а на секоја од нив стоеја стари петли, ѓуѓуми, котлиња, самовари, стари мелници за кафе, стар австроунгарски шлем, и што уште не. Цела мала музејска поставка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја испи чашата вода, што таа му ја донесе кога дојде да ја прими нарачката, и сега беше жеден за кафе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)