за (предл.) - земја (имн.)

Татко ми беше ангажиран од еден пријател кој подготвуваше еден државен билтен за тоа што пишува странскиот печат за земјата, да му преведува или да му помага во преведувањето на странските текстови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој се претвори во еден вид кукачка или подобро - малецко чеканче што на секој чекор ја ковеше со по едно клинче кожата за земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Под платното се подаваа раце, кои ги држеа колците и јажињата со кои шаторот беше зацврстен за земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас за воденицата и за Пребег сум се фатил. Иди, искорни ме ако можеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога Ѓурчин ми соопшти дека ќе сум морал да ја напуштам фотелјата и да се повлечам во предвремена пензија јас и нему му реков дека тоа е можеби најдоброто решение.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тоа ти е животот: ти го плевиш а плевелот и понатаму расте. Се фатил за земјата и не се пушта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Та и сами знаете: в прашина, мртви, десетмина јунаци лежат што смртта ги смами. скапи за земјава жртви!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Човекот не може да лета, тој е прикован за земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тој расказ аргатската врзаност за земјата и летот на душата кон небото дадени се со ретка експресивност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Значи, двете пропаганди не спорат само за земјите на с.з. од Шар Планина и за оние делови од Серскиот санџак што се крај бугарската граница.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И онаа млада пареа што ја издишува Левтерија, се врзува за воздухот и за земјата под неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Се премисли, ме прашуваат. - Што да премислам, велам. - За тапиите, велат, за земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нивното движење беше нивни живот без страв од бегови и од чуми, и затоа уште позагатлив во својата величественост. На патот се исушив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4 На неодмрзнатото небо се движеа на свое гумно девет орли, се лизгаа со вкочените крилја по сивотијата и беа слични на дршки од секири во бавен вир на река што негде, на патот, бришела варовник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клун на птица можеше со еден удар да ми го ископа срцето, штрковите можеа да ме приковаат за земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да беше закован за земјата, зад нас стоеше висок младич, со немарно префрлено палто преку едното рамо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но ете, откако го фрли тој сомнеж на него, зборуваше нешто нејасно за тајни канали преку границата на нашиот јужен сосед, за шверцување мигранти од Тунис, Мароко, Алжир, Нигерија, Авганистан и Пакистан, за луѓе од Кратово ангажирани околу некаков илегален логор за азиланти, за соработници на Ниротакис од Србија и Унгарија, за земји од Европа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се придржувам за земјата и се препуштам на музиката, наеднаш благословена со посебна моќ за слушање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ми се лоши од возбуда, чувствувам топли и студени бранови како ми го преплавуваат телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Раскажуваа за своите мисии во поединости, а беа повикани да сведочат за одредени прецизни работи за земјата во која требаше да замине некој од нас, за врвни луѓе од политичкиот живот дамна исчезнати, за настани кои ја беиле изгубиле нивната актуелност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не може насекаде, или било каде што ќе ти одредат случајните конвенции на историјата, да ја почувствуваш најголемата приврзаност за земјата, место во кое ќе ти се случи најбитното во животот, во согласие со вечниот ритам на природата, а не со наметнатите амблеми на еден друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу ова сино небо, кое ја одречува сета историја на земјата, со сите граници и храмови, со сите камени урнатини, и лицата на луѓето, загледани во вечноста на залезот на сонцето, нема никаде простор каде што би запрело нешто митско, историско, идеолошко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вечерта ги сретнав старите пријатели, познатите дипломати на земјата, дипломатот и писателот Рашид Дрис, дипломатот Таиб Слим (брат на некогашниот генерален секретар на ООН Монги Слим) на кои и покрај залезните години, како некогаш Хабиб Бургиба, така и неговиот наследник Бен Али, им доверуваше деликатни дипломатски мисии од интерес за земјата, но и пошироко во арапскиот свет, во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјо - за земја плеќи нагоре!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
За небо човечност се симна небото За земја мажи порасна земјата.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
По малку старински направена на долговечноста да потсетува и на заблудите за Земјата: дека постои до кајшто посега видот дека топка неправилно заоблена е око превртливо и од Меркур поитро...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како се оддалечувавме – слушавме времето што идеше како ја тресе вселената пеејќи: Од каде доаѓа гласот ваш и кој ве закова за земјата Вие без писмо што ги запишавте сите книги човекови?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тој отпрвин стоеше како закован за земјата или плашливо се потргнуваше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Стојам така пред луѓето, а небото клекнало, се фатило за земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно време веќе сум сосема смалена, речиси залепена за земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден волк ќе излази едно место, па ќе се притаи залепен за земјата. По него друг тргнал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му се чини дека оди полека, дека е прикован за земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако порано имаше даноци за пасишта, тревнина, десеток од свињи, десеток од пчели, па дури го имаше и оној што го закачи и него кога го одведе добичето на пасење желади, сега еве, би рекол да беше жив Бајко, сега еве, го има арачот, данокот за земја на немуслиманите, кој пак ги надминува сите поранешни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)