за (предл.) - зборува (имн.)

Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А него го однесоа во Костур и по кратка постапка му пресудија: за зборување на забранетиот јазик дома и на јавно место, за пцуење и напад на власта – заточеништво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)