за (предл.) - живеење (имн.)

Винстон забележа дека мебелот е сѐ уште разместен така како собата да е наменета за живеење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во квечерината не можеше да се разбере и почувствува онаа утринска врева и бучавост, кога од сите страни овде доаѓаат прекупувачи не само за месо, туку за сето она што денес на еден парижанец му е потребно за живеење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ на сѐ веќе три пати го посетив Западот. Ми се причини убаво место за живеење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Може, ама тоа не е наш приоритет. Ние сме сепак Секретаријат за информирање на градот, што значи локален орган и главна цел ќе ни биде афирмирање на подобрувањето на условите за живеење во нашиот град, пресече Тодор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ситуацијата отсекогаш остануваше комплексна. Вистински Гордиев јазол!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинскиот народ во овие услови ќе се соочи со два големи егзодуса (во 1948-та и 1967-та), кога не само што ќе биде истеран од својата земја, распрскан на четирите страни на светот, главно во логори за бегалци во мизерни услови за живеење, зависни од репресивните арапски режими кои го инструментализираа палестинското прашање за свои цели, но, исто така, и пред упорното одбивање да се признае историската неправда што му беше нанесена на овој народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А и куќите се мали, само за живеење на малубројни семејства...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зошто е тогаш толку силна желбата за живеење и за добивање знаења, умеења и материјални добивки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Рече дека таму било мирно за живеење, раатиште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)