за (предл.) - држење (имн.)

Немав многу тешко за држење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Околу 18.08 почнувам да запаѓам во така нареченото професионално пијанство и почнувам да размислувам за тоа како да го задржам трезвениот изглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова, се разбира, бара одредена концентрација за држењето на телото, движењето на очите... искалкулирана трезност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)