за (предл.) - грешка (имн.)

Симан, несомнено, свесно ја жртвувал оваа идеја на Бојс врз која Рајтман до бесконечност критикува без воопшто, се чини, да забележи дека таа е константно проткаена со идеологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едноставно забележувам дека наспроти еден ваков Бојс нема што повеќе ниту да се каже, ниту да се противречи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нередовните циклуси беа причината за грешка во датумите. За абортус веќе немаше време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рекламен простор за клаустрофобични реклами Извежбана рамнодушност, како извинување за грешка која не си ја направил.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Се пијанчам со вино и размислувам за грешките во моето однесување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Информбирото веќе донесе Резолуција за грешките на југословенската партија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)