за (предл.) - градба (имн.)

Одлуката за градба на хидроцентралите беше генерално донесена од врвот, но мораше да се сообрази и со науката, а луѓето да се припитомат за новите подвизи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Расфрланиот песок, мешалката за бетон и друг градежен материјал, сведочеа за градбата на куќата која однадвор сѐ уште не беше завршена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сталин си ги признал грешките. Посебно грешката за градбата на Беломорскиот канал.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)