за (предл.) - генеза (имн.)

Откако ја завршија големата дебата за генезата на универзалните лавиринти, посебно балканските, Татко ненадејно го запраша Камилски: Знаеш ли, мој пријателе, кој е најголемиот лавиринт и на кој никогаш не може да му се најде излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше да ѝ зборувам за генезата на албанско-македонскиот конфликт во Македонија како закана за мирот во земјата и во регионот, закана за албанско-македонскиот соживот во кој истрајуваше моето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога би требало да се определам за една од книгите од Твојата втора авторска фаза (ќе се согласиш ли неа да ја атрибуираме како белетристичка?), сигурна сум дека веднаш, безмалку рефлексно, без да се двоумам или да размислувам, навистина веднаш би ги избрала токму Татковите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакаше да го лоцира местото на конфликтот, последиците за мене, за семејството, за моите татковини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)