за (предл.) - воспитување (имн.)

Татко во преостанатиот дел на ноќта и до пладне идниот ден ја прочита целата книга на Камилски за воспитувањето на детето која, всушност, беше објавената дисертација на француски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)