за (предл.) - вино (имн.)

И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога ги чуја сите карактеристики, полковникот Жино рече восхитено: - Манастиров има двајца извонредни специјалисти: отец Иларион - специјалист за душата на човекот, а отец Серафим, за виното - за неговата душа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Отец Серафим кој беше и енорски свешетник во селото Езерец, беше прочуен како „доктор за вино“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Подавајќи му ја чашата, му рече: „Сакам чаша за вино!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Келнерчето му го донесе шишето вино и пред него, со тропнување, постави чаша којашто била за пиво, за шприцер, за сок или вода но не и за вино.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Виното не поднесува друга боја во близина, вели, мислиш дојден е на дегустација човекот. На предавање за виното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Дане, дај сега пари за вино. Да честиш за името. - Па нели комшијата ќе донесе вино?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нѐ праша дали сме за вино или за чај?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пред куќите и по кривулестите улички беа изложени шарени керамички садови: стомни, чаши, чинии, бокали, филџани, ибрици, вази и ќупови за масло, за вино, за жито.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Речиси целиот град беше зафатен од садови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)