за (предл.) - Балкан (имн.)

Веднаш се рашири информацијата дека во автомобилот бил грчкиот конзул, од Солун директно дојден на многу итен и важен состанок за балканот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Најголемиот дел од овој роман, всушност е дијалог, и тоа во Платоновата смисла на зборот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
317 Во своите извештаи за економската и социјалната состојба на населението во Западна Македонија мисиите меѓу другото известувале дека: “животниот стандард во оваа област е и секогаш бил многу низок дури и за Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сведена е на односот на двајца врвни интелектуалци, од две различни конфесии (што е типично за Балканот) кои поседуваат огромни библиотеки, во кои се крие клучот на историската проклетија на полуостровот од мед и крв: неговите народи да живеат едни крај други, а во вавилонски клуч да не се разбираат едни со други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)