без (предл.) - основа (имн.)

Таа ги користи ’можностите’ и зависи од нив, оти е без основа каде што би можела да ги складира своите добивки, да изгради своја позиција, и да планира напади.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но најопасно е кога кај човек од неговите длабини, од инстинктите ќе се влее во неговиот табиет амбицијата да владее со народот, со светот, небаре до крајот на времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, не се рекло без основа: колку луѓе толку табиети!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)