ќелија (имн.) - во (предл.)

Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во изборот на судиите, не можеше да се заобиколи и улогата на Министерството за правосудство, но, сепак, конечната одлука ја донесуваше Партијата која имаше своја ќелија во Судот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше поголемо од ќелиите во кои беше порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојат луѓе чие Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои, па сега се свиткува пред реалноста и, деформирајќи се, создава не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си ги кажува тие зборови како да се обидува да си каже некаква заспивалка, додека се превртува на креветот во малечката ќелија во лудницата во Нортхемптон. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќелиите во кои стражарите го претепуваа се наоѓаа под површината на земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Уште како млад проведе неколку години во испосничка ќелија во манастиров под тешки услови...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)