јабана (имн.) - во (предл.)

Филистејците се далдисани со правењето излези од митовите и со големо задоцнување ќе дознаат дека Давид во јабана во една меана му раскажал сѐ на Караваџо
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)