читател (имн.) - е (гл.)

(Претпоставувам дека една од причините што Фикцијата и СФ-от им се толку блиски на помладите читатели е тоа што, во услови на простор и време прилагодени така да им овозможуваат на ликовите да патуваат слободно низ тој континуум, и на тој начин да избегнат многу физички опасности и временски детерминираности, смртноста е ретка тема.)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Над мене има дрвен таван а на него е прицврстена четириаголна маса поставена за јадење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој читател е оној избраниот. И само тој може да го понесе тајното име на јунакот на оваа приказна – Аристин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А можеби затоа што секој понавивачки настроен читател е склон да биде по малку воајер кон светот на своите писатели.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)