формула (имн.) - за (предл.)

Патријархот Јосиф, откако се согласил со Латинците дека формула за Светиот дух што произлегол од Синот го има истото значење како православната формула за Светиот дух што произлегува од Синот, паднал болен и починал.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И тие ја наследиле старата формула за делбите и владеењето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Спортистот ја имаше славата, овој ги имаше парите и тоа е добра формула за добар улов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како што пука едрото напнато од белина, така пред нејзините ширум отворени очи се развејува пената на денот, толку лесно се топи чадот од ефикасни формули за брзо заборавање...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Водачот беше свесен за моќта и за ограничениот век на траење на социјалистичкиот интернационализам, за пролетерските формули за братството и единството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во овие предупредувања изречени како формула за нашето живеење - умирање, се концентрира заканата сосема на крајот од првиот циклус „Штедра светлина“ во песната „Тажно сонува“.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)