фела (имн.) - за (предл.)

Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Впрочем, постојат и случаи кадешто и неколкукратно е надминат овој шестмесечен временски период кога судијата мора да донесе 1.  За овој лоциран проблем види го и списанието Direktna akcija – propagandni bilten Sindikalne konfederacije „ASI“; epoha II, #4; Beograd, 2009; str. 32-33; како и книгата на Франк Хантке: Синдикатите во XXI век – Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзиција (со предговор на Џон Монкс); Фондација „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје; Скопје, 2010. 302 пресуда, без притоа тоа да повлече било какви негативни репер- кусии по професионалната кариера на конкретниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Максималното пропишано полугодишно траење на овој тип постапки, наместо да биде правило, тоа е само редок исклучок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)