стока (имн.) - за (предл.)

Бебињата се даваа под тезга како да беа стока за продавање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А всушност, нема поголем кич од новата народна уметност, која полека се претвора во стока за масовно, сериско производство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дење растоварале вагони, вели, некои стоки за војските растоварал, вели Огнен Ѓорго, и кутии со јадење, затворени некои кутии, запечатени, вели, така го чувале јадењето за да не се расипува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пуцето го „откупи" Младен Чкулот: да му оди 10 пати со маските во Прилеп по стока за дуќанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некој го извика надвор од часот, како што често се случуваше (Фискултурецот беше најголем шверцер во училиштето и продаваше секаква стока за мали пари), и тој го определи Павел Земанек да застане до разбојот и да внимава на нив додека вежбаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)