синџир (имн.) - за (предл.)

Патувањето било мошне тешко. За сето време осудениците биле оковани (врзани со синџири за нозе и врат) и речиси неподвижни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Попот и Трајко беа оковани со пранги од по дваесет оки и врзани со синџири за гуши, со белегзии на рацете, потоа двајцата еден за друг и така ѕевгарички идеа водени напред од четворица сејмени, а назад следени од осум.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А еве ја мојата поетика, вели Шагал: Имав една крава која ја врзав со синџир за сонцето и таа си пасеше меѓу покривите и ѕвездите, покрај една древна словенска црква, обрасната во бујно зеленило.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Посакував, но не можев да станам... како да бев врзан со синџири за постелата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)