синоним (имн.) - за (предл.)

Велибор Џаровски-Џаро. Синоним за наместен натпревар.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вооружен со научните императиви на социјалната антропологија, Вашер де Лапуж откопува на илјадници черепи по гробиштата на областа Еро за да го измери нивниот „кефален индекс“, па - по десет години теренски истражувања - на Ренан, кој мислеше дека може да прогласи дека „нацијата не е синоним за расата“, тој му одговара: „Ни во семејството ниту во нацијата не се стапува со проста одлука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Келнската катедрала е синоним за Келн. Келн не може да се оддели од неа, ниту пак катедралата од Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За татко му, службеник, и за мајка му, учителка, ваквите професии беа синоним за почитуван и среден граѓанин.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зашто за европскиот читател Балканот е, најчесто, синоним за конфликти, за братоубиствена омраза и за смртоносни разорувања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)