симпозиум (имн.) - за (предл.)

3) Уметничко населување на паралелните светови Најнапред да го споменеме австрискиот уметник со грчко (кипарско) потекло Stelarc и тоа посебно неговиот перформанс Remote за третата рака и забрзаното тело, со којшто настапува во Јапонија (каде што претежно живее) и САД, па и во Европа, на пример 1990 год. во холандскиот град Гронинген во рамките на вториот меѓународен симпозиум за електронска уметност (SISEA) и јуни 1992 на Ars elektronica во Linz.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои од овие ноторни лапачи и пијаничишта – се потсмева Хорацио Ц. на уважените учесници на бројните симпозиуми за иднината на националната култура – имаат храброст да се наречат епикурејци, а не знаат дека Епикур беше болезлив и воздржан!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)