предвидување (имн.) - за (предл.)

Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И кога, во чаршијата, од доверливи пријатели, дозна дека на реката што истекуваше од Езерото ќе се градат хидроцентрали, предвидувањата за крајот на патот на јагулите стануваше реалност, во него повторно се разбуди преселничкиот ген.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Или, пак, „ Тајмс“ од деветнаесетти декември ги објави официјалните предвидувања за производството на различни видови стока за широка потрошувачка во четвртиот квартал од 1983 година, кој истовремено беше и шести квартал од Деветтиот тригодишен план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Реално постоечкото ‘право’ е всушност оној збир од правила што ги имаат утврдено судовите!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)